„Kемет електроникс“ двојно ќе го зголеми бројот на вработени во Македонија

Bez autora
Oct 28 2013

Американската компанија „Kемет електроникс“ која лани отвори фабрика во технолошката зона „Бунарџик“ досега вработува 190 лица, а плановите на менаџерите на оваа компанија се во иднина двојно да ја зголеми оваа бројка. Ние треба да растеме како компанија и да го подигнеме нашето ниво на вештини кое ќе ни овозможи да инвестираме во различни производствени процеси. Денес ние го развиваме идното раководство на нашата македонска компанија и успешноста ќе ни овозможи двојно да го зголемиме производството и бројот на вработени во блиска иднина - вели Гвидо Галени во интервју за „Лидер“, одговарајќи на прашањето кои се идните планови на компанијата за фабриката во Македонија. Галени во интервјуто истакнува дека досега се задоволни од бизнис-климата во земјава, но додава дека се соочиле со мали проблеми кои сепак успеале да ги решат.

„Kемет електроникс“ двојно ќе го зголеми бројот на вработени во МакедонијаАмериканската компанија „Kемет електроникс“ која лани отвори фабрика во технолошката зона „Бунарџик“ досега вработува 190 лица, а плановите на менаџерите на оваа компанија се во иднина двојно да ја зголеми оваа бројка.

- Ние треба да растеме како компанија и да го подигнеме нашето ниво на вештини кое ќе ни овозможи да инвестираме во различни производствени процеси. Денес ние го развиваме идното раководство на нашата македонска компанија и успешноста ќе ни овозможи двојно да го зголемиме производството и бројот на вработени во блиска иднина - вели Гвидо Галени во интервју за „Лидер“, одговарајќи на прашањето кои се идните планови на компанијата за фабриката во Македонија.

Галени во интервјуто истакнува дека досега се задоволни од бизнис-климата во земјава, но додава дека се соочиле со мали проблеми кои сепак успеале да ги решат.

-Јас с` уште сметам дека сме на почетокот и ова е момент на предизвик. Имавме некои мали проблеми кои веќе се решени во партнерство со раководството на Дирекцијата за ТИРЗ. Во однос на бизнис-климата, ние извезуваме 100 отсто од нашите производи и на тој начин бизнис-климата во земјата и локалната економија не влијаат толку врз нас. Но морам да кажам дека сме задоволни од општите услови за водење бизнис - вели Галени.

„Kемет електроникс“ произведува електронски уреди пред с` наменети за брендовите „Филипс“ и „Сименс“. Целокупното производство од македонската фабрика е наменето за извоз.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik